Здравје и убавина
Сите знаеме дека за артритисот не постои лек, но еве со што може да ги ублажите симптомите
Артритисот е хронично воспалување на зглобовите, а главните симптоми се потекување на зглобовите, болки и осетливост. За артритисот, за жал не постои лек, но постојат начини да се ублажат симптомите.
Ви откриваме состојки, за кои е докажано дека имаат одлично дејство, кое ги намалува хроничните воспаленија на телото, а резултатот се ублажени симптоми на артритисот.
Сепак, пред да почнете со секојдневна консумација на овие зачини, прво советувајте се со лекар, особено ако имате проблеми со срцето.
Ѓумбир
Ѓумбирот има одлични противвоспалителни својства, а досегашните истражувања покажуваат дека помага во ублажувањето на симптомите од артритисот.
Куркума
Главната лековита состојка во куркумата е куркуминот, а за него е познато дека има анти- воспалителни и антиоксидациски својства.
Цимет
Покрај тоа што циметот има одличен вкус и неодолив мирис, воедно е и лековит. Истражувањата покажале, дека луѓето што консумираат по една лажица цимет дневно, во период од 90 дена, чувствуваат намалување на симптомите на артритисот.
Лук
За лукот е познато, дека има моќно против воспалително дејство и дека може да ги ублажи симптомите на артритисот. Најдобри резултати дава кога се консумира свеж.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ