Вести
Во кој дел од денот е најдобро да пиете кафе?
Кафето е еден од најпопуларните пијалаци, ширум светот, а обично се пие во утринските часови. Многу од вработените луѓе го користат кофеинот за побрзо да се расонат. Но, научниците велат дека од консумирањето на кафе наутро, може да имаме повеќе штета, отколку корист.
Со оглед на тоа дека кофеинот делува на будењето, воедно делува на хормоните за стрес (кортизол), во телото. Сепак, проблемот е во тоа што нивото на кортизолот расте кога ќе се разбудиме, па ако пиете кафе, додатно го зголемувате нивото на овој хормон. Со самото тоа, ако го пиете кафето два часа, откако ќе се разбудите можете да го имунизирате телото на кофеин. Затоа, би требало да пиете кафе помеѓу 9.30 и 11.30 часот, бидејќи во ова време нивото на кортизол е ниско.
„Вашето ниво на кортизол е најголемо помеѓу половина час и два часа, по будењето. Тогаш е лошо да се пие кафе, бидејќи кофеинот го имитира одговорот на стрес и предизвикува, кортизолот да скокне уште повеќе“, објасни нутриционистот Сара Бруер.
Кога се работи за вечерните часови, научниците препорачуваат да не се пие кафе после 17.30 часот, за да го избегнете проблемот со несоницата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!