Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар го „прегази“ Фени Индустри 94:70

Објавено

на

Во преполната сала Младост, КК Гостивар го прегази гостинот од Кавадарци 94:70.

Одличен натпревар одиграа вечерва избраниците на Србиноски. Уште од првиот минут беа решени да го добијат натпреварот и наметнаа игра за која гостите немаа одговор. Првата четвртина ја добија 27:22, Фени единствено се закани во втората четвртина во која на кратко и го презеде водството, но тоа беше се што прикажаа гостите. Во вториот дел КК Гостивар експлодира 33:17 заврши третата, 21:13 последната четвртина, прашањето околу победникот беше решено.

Костоски одигра натпревар на кој покажа дека не е случајно еден од најдобрите македонски кошаркари, постигна 23 поени, Фурстингер и Димчевски запишаа по 17 поени, Тасоски 15. Ре.Димитриески одигра добра партија со 14 поени и 8 скока, Зеќири запиша 5, Ро.Димитриески 1 поен. Јурај Сегариќ помина 32 минути на паркетот, постигна 2 поени, 2 украдени топки, 4 скока и фантастични 15 асистенции.

Кај гостите најрасположен беше Фундербург со 16 поени.

Ваквиот пристап и игра на гостиварци ветуваат уште многу возбудливи натпревари во спортската сала Младост, пред гостиварската публика која пак е посебна приказна.

кликнете за поголема резолуција

Секоја чест и пофалба за публиката во Гостивар која го препозна моментот дека на играчите им е потребна вистинска поддршка и дојде во огромен број. Браво Гостивар!

кликнете за поголема резолуција

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 10 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 11 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 19 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 1 ден

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 ден

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена