Поврзи се со нас

Вести

Се одигра гостиварското градско дерби ФК Гостивар-Генч Калемлер 2:3 (фото галерија)

Објавено

на

Вистински фудбалски празник попладнево на Градскиот стадион во Гостивар. Во спортска атмосфера пред солидно пополнети трибини, играа гостиварските екипи ФК Гостивар – ФК Генч Калемлер. Фудбалерите на двете екипи прикажаа одличен и возбудлив натпревар со дури 5 голови. Победи екипата на Генч Калемлер со резултат 2:3

1:0, Зеќири, 5 минута

Поведe ФК Гостивар во 5 мин. со голот на Валон Зеќири, во изедначена и пожртвувана игра во 33 минута на 1:1 изедначи Арменд Даути, резултат со кој се замина на полувреме.

1:1, Даути, 33 минута

Возбудливо и интересно беше во второто полувреме. Повторно поведоа домаќините со 2:1, во 56 минута со голот на Флорент Османи, но екипата од Долна Бањица со голот на Сунај Хасан успеа да се врати во игра за трите бодови, истиот играч заработи и црвен картон. До целосен пресврт дојде во судиското продолжение.

Во 91 минута, Елмир Алији погоди за 2:3. Но, возбудувањата не завршија тука, кога сите мислеа дека е готово во последниот напад, во 96 минута судијата досуди пенал за ФК Гостивар. Шутот на Османи го одбраи Амир Јашар со што беше јасно дека бодовите од ова градско дерби одат кај екипата на Генч Калемлер.

Фудбалерите приредија вистинско ужување за љубителите на фудбалот од Гостивар, ви пренесуваме дел од атмосферата преку фотографии:

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена