Поврзи се со нас

Македонија

Поразително: Ги „воспитуваат“ децата со насилство – Кампања „И родителството се учи“

Објавено

на

Преку кампања насловена „И родителството се учи“, родителите во Македонија ќе се едуцираат и поттикнуваат да ги воспитуваат и подигнуваат децата на позитивен начин, без физичко и психичко малтератирање.

Истражувањето поддржано од УНИЦЕФ покажало дека, повеќето родители се свесни за штетните последици од насилството при воспитување на децата, но сепак го користат. „Општествените очекувања за казнување, слабата самоделотворност и немањето пристап до информации за позитивното родителство и детскиот развој се главните причини за продолжување на насилната практика. Кампањата ќе се осврне кон овој недостаток, давајќи им на родителите ресурси за позитивно родителство.“, соопштија од Министерството за здравство, кои ја спроведуваат кампањата заедно со Министерствата за труд и социјала и за образование.

Кампањата започна со емотивно видео во кое децата глумат како родителите ги дисциплинираат децата – впечатлив одраз на физичкото и психолошкото насилство што го користат 8 од 10 родители во земјата.

„Со оваа кампања сакаме сите членови на општеството да соработуваат за да им се помогне на родителите да станат свесни за потребата да научат родителски вештини кои докажано имаат позитивен ефект врз емотивниот, социјалниот и интелектуалниот развој, врз јазикот, како и врз физичкиот развој кај детето“, рече Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.

Секое поединечно искуство на детето влијае врз развојот на мозокот и го обликува начинот на кој тоа размислува, чувствува, се однесува и учи во текот на животот.

„Кај децата кои доживуваат негативни искуства во раното детство постои поголема веројатност да имаат сериозни здравствени проблеми како возрасни, па поддршката на родителите не е само прашање на заштита и едукација, туку е и прашање на јавното здравство“, рече Венко Филипче, министер за здравство.

Кампањата е поддржана од Европската унија и УНИЦЕФ.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 7 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 10 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 12 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 15 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 15 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 16 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 17 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена