Рецепти
За добро мезе или појадок: Бомбици со сончоглед и афион
Состојки:
200 мл. кисела вода
200 мл. масло
150 гр. сусам
200 гр. непечен, лупен сончоглед
2 мали лажички сол
30 – 50 гр. афион
500 – 550 гр. брашно
Подготовка:
Во поголем длабок сад се ставаат сите состојки освен брашното. Смесата убаво се меша и постепено се додава брашното. Смесата која што треба да се добие не треба да е премногу сува ниту премногу течна, затоа брашното се става на крајот, за да се види колку ќе биде доволно.
Се вади тестото од садот и се продолжува да се меси на работна површина. Тоа треба да е меко и да не се лепи на рацете. Откако ќе биде убаво измесено, се прават форми по желба.
Може тоа да бидат бомбици, но може да се направат и штангли од исукана кора од тестото која не треба да е слаба, отприлика треба да е дебела 1 см.
Добиените форми се ставаат на хартија за печење во плех и се печат 30 до 40 минути на 200°Ц .
Неколку минути пред да се извадат од рерна се зголемува температурата на 250°Ц за бомбиците или штанглите да поруменат.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!