Вести
Проект во Гостивар за поттикнување на жените во бизнисот и можност за прекугранична соработка
Предрасудите и стереотипите се главните пречки, поради кои жените тешко се решаваат да отпочнат и да водат свој бизнис. Во голема мера се уште владее убедувањето дека местото на жените е во домот, а не во бизнис светот. Со околу 10% компании сопственост на жени, Македонија е далеку под просекот, кога станува збор за женското претприемништво.
„Бројот на жени кои имаат регистрирани свои бизниси кај нас е многу мал и изнесува 8 до 10%. За споредба, во светот веќе ги има 50%, значи половина од компаниите ги водат жени. Ние би биле задоволни да стигнеме до некоја бројка од 35%“, вели Гордана Стефковска Велјановска од Центарот за управување со промени.
Познавачите на состојбите сметаат дека на жените им е неопходна поддршка и помош од семејството и институциите за да се охрабрат да ги реализираат своите идеи и да ги направат првите чекори во стопанството.
„Мора најпрво да се надминат стереотипите, да се види колку тие ќе имаат поддршка од семејството, затоа што сопствениот бизнис бара и повеќе време и поголем ангажман. Потребно е охрабрување на жените и секако повеќе поддршка од општеството, од државата, од локалната самоуправа. Општините треба да одвојуваат средства со кои финансиски ќе им помагаат, барем на почетниците. Веќе постои фонд за поттикнување на технолошки развој, што исто така може да биде од корист, па и таму може да се алицира. А локалните самоуправи може да направат нешто и околу обезбедување на потребен деловен простори или советодавни услуги. И секако, администрацијата да биде вистински сервис на жените.“, смета Вања Михајлова, правен експерт
Во насока на поттикнување на поголемо вклучување на жените во бизнисот, во регионот на Полог се спроведува проект за развој на мирко-претпријатија на жени во прекугранична соработка со Албанија. Во Гостивар денес, во негови рамки се одржа информативна средба на која обраќање имаше и градоначалникот Арбен Таравари.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените