Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Ловоров лист – многу покорисен отколку што знаеме

Објавено

на

До сега кога ќе се спомнеше поимот лoворов лист се мислеше само на зачин кој го подобрува вкусот на голем број јадења. Но од сега тоа нема да биде така, бидејќи во продолжение ќе дознаеме дека лoворовите листови имаат многу поширока и поголема употреба освен само како зачин.

Лoворовите листови најмногу ги употребувале Грците и Римјаните кои покрај што ги употребувале како зачин, тие исто така овие листови ги користеле и за терапија на многу болести. За нив лoворовите листови биле симбол на мудрост и мир па затоа и многу често ги имале во своите домови одгледувани во големи саксии.

Листовите од лoворот се берат кога се потполно развиени и кожести бидејќи во спротивно во текот на сушењето ќе потемнат, додека пак бобинките од лаворот се берат кога потполно ќе бидат узреани и развиени и истите најмногу се употребуваат за добивање на лековито масло.

Свежо собраните лoворови листови се многу моќни и силни антиоксиданси кои го подобруваат имунитетот, ги чуваат очите и кожата благодарение на големиот процент на витамините Ц и А. Покрај витамини овој зачин е богат и со минерали како бакар, калиум, калциум, манган, железо, селен, цинк и магнезиум.

Време е да се запознаеме малку повеќе со лoворовите листови и да дознаеме за што и какви болести може да помогнат.

Лoворовите листови го подобруваат имунитетот, го зголемуваат апетитот, го подобруваат варењето, спречуваат настанување гасови во цревата, се користат при лечење на хроничен бронхитис и прелада. Ги намалуваат и комплетно ги отстрануваат реуматските болки, намалуваат воспаленија, одлични се за намалување на силни болки, отстрануваат габични инфекции, го чистат лимфниот систем, помагаат при лекување на проширени вени, имаат антивирусно, антисептично и анелгетско дејство.

Покрај употребата на лoворовите листови за подобрување на здравјето тие исто така се употребуваат и во козметиката за лекување на кожни болести, за отстранување на првут од косата како и за третирање на мрсна и проблематична кожа.

Лoворов лист за побрз раст на косата
Во 2,5 дл. не многу јак шампон се ставаат 80 капки етерично масло од мандарина и 20 капки етерично масло од лoвор. Шампонот убаво се меша и се користи за секојдневна употреба.

Лoворовите листови се одличен борец против гихт
5 ситно сечкани листови се прелеваат со 5 дл. зовриена вода, се варат 5 минути на тивок оган, се тргаат од огнот и се оставаат во поклопен сад до утрото. Сокот се цеди и се пие на секој час по 1 супена лажица. Лекот секогаш се подготвува на вечер и се пие следниот ден. Се пие само 3 дена и после се прави пауза од 6 месеци бидејќи е доста јако средство кое во потполност може да ги отстрани штетните кристали од зглобовите. Додека се пие не смее да се јаде месо и да се пие алкохол и луѓе кои страдаат од чир на желудникот не смеат да го консумираат.

Чај од лoворов лист против грип и бронхитис
3 ситни исечкани лoворови листови се ставаат во 2,5 дл. вода и се варат 10 минути. Се тргаат од оган и се оставаат да поседат уште 10 минути во поклопен сад. Потоа чајот се цеди, му се додава една лажица цеден сок од лимон и две лажици мед. Чајот се меша и се пие 2 до 3 пати во текот на денот.

Лек против реума
Во аван убаво се гмечат 20 свежи зрели бобинки од лавор и потоа се варат во 1 литар зовриена вода. Сокот се цеди преку платнена крпа и се остава да се олади. Откако убаво ќе се излади од површината со лажица се собира насобраната маснотија која ќе ја испуштат бобинките во текот на варењето и таа се меша со една лажица свинска несолена маст. Смесата добро се меша, се чува во стаклен сад и се употребува како маст која се покажа дека е многу ефикасна против реума.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 21 час

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 23 часа

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 24 часа

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена