Поврзи се со нас

Рецепти

Ќе ве згрее и опушти – Рецепт за домашно топло чоколадо

Објавено

на

Во зимските денови, топлото чоколадо за многумина е еден од омилените пијалоци. Освен што е примамлив и неодоливо вкусен, најголемата придобивка од овој пијалок е што ги смирува нервите, односно има антистрес дејство. Топлото чоколадо стимулира ослободување на хормонот ендрофин, кој е задолжен за подигнување на расположението. Затоа, не двоумете се и конзумирајте по една чаша секој ден.

Можете да си го правите сами и тоа во понискокалорична и поздрава варијанта.

Состојки:

200 мл. млеко

150 гр. темно чоколадо

200 мл. слатка павлака

една мала лажица кафеав шеќер

по желба додадете цимет, рум, мускатно оревче и сл.

Измешајте ги млекото и слатката павлака и ставете ги да се варат на тивок оган. Чоколадото исецкајте го на ситни парчиња. Кога ќе зовријат млекото и павлаката, ставете го сецканото чоколадо и шеќерот и мешајте, се додека не добиете густа кремаста смеса. Ако ви се направат грутки, употребете миксер.

Вашето домашно топло чоколадо е готово!

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена