Македонија
Медал за храброст од Иванов за припадници на АРМ кои помагаа при несреќата кај Ласкарци
Семир Фета, Омер Емини, Бујамин Реџепи и Сељадин Саљихи, припадници на АРМ денес беа одликувани со „Медал за храброст” од претседателот Ѓорге Иванов, за покажаната исклучителна храброст и пожртвуваност при автобуската несреќа кај Ласкарци.
„Ја потврдивте верноста на Армијата кон македонските граѓани, спасивте човечки животи, и ја вративте надежта и вербата во добрината. Ја вративте вербата дека постои добрина во овој свет, и дека за таа добрина вреди да се бориме, секој ден и постојано. Со вашата храброст, вие сте пример не само за другите припадници на македонската армија, туку и за целото македонско општество. На дело покажавте дека соживотот е всушност грижа за животот на другиот човек, независно од етничката, јазичната или верската припадност”, рече претседателот Иванов на церемонијата на доделување на медалот за храброст.
Професионалниот војник Семир Фета, кој живее во селото Ласкарци, изрази голема благодарност до претседателот на државата за доделените медали. „Изразувам сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посакувам побрзо оздравување. Секој што би се нашол на местото би помогнал во овој случај”, изјави Фета.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница