Вести
Тепачка во Гостивар поради “олук” на куќа
Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против Џ.Д. (55) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело ,,насилство“. Пријавенот на 19.09.2016 година повикал мајстори (негов сосед) да постават олук на неговата куќа, но истиот не бил поставен според договорот. Џ.Д., кога видел дека олукот е поставен спротивно на договорот, му се јавил на соседот да се видат, но истиот не можел веднаш да одговори на барањето. Дошол околу 17.00 часот и видел дека олукот бил искршен.
Истиот отишол во дворот на Џ.Д. каде настанала вербална расправија, по што соседот со нога му направил оштетување на ПМВ „Застава 101“. Потоа Џ.Д. зел шрафцигер и го нападнал соседот, нанесувајќи му исекотина во пределот на рамото. Џ.Д., во намерата да го продолжи делото, бил спречен од друг сосед кој успеал да му го одземе шрафцигерот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ