Вести
Започнува 27-от кошаркарски КУП на Македонија
Завршниот турнир од националниот кошаркарски Куп на Македонија, кој еднаш беше одложен поради сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци, која го погоди Гостивар, ќе се одржи од денес до недела во Гевгелија.
Дваесет и седмото издание од КУП натпреварувањето започнува денеска од 13 часот, а во недела ќе го добиеме освојувачот на посакуваниот трофеј, во машка и во женска конкуренција.
Отвараат мажите, прв четвртфинален дуел е Блокотехна – АВ Охрид (13:00), Работнички – Куманово (15:15), МЗТ Скопје во одбрана на трофејот ќе тргне против Кожув (17:30) и во вечерниот термин од 20:15, КК Гостивар против Фени Индустри.
Дамите ќе ги започнат пресметките в сабота во спортската сала „Негорски Бањи“ со почеток од 12 часот. Бадел 1862 против Струга 2009, Работнички – Вардар се полуфиналните пресметки. Финалето во женска конкуренција е закажано за во недела со почеток во 14:30.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница