Култура
ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ одржа концерт на народни ора и песни во чест на Велигден
Со голем велигденски концерт во Центарот за култура „АСНОМ“, гостиварското градско аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ ја отвори годинешната концертна сезона. Пред домашната публика, во 70 минутна програма на сплетови на народни ора и песни, се претставија фолклорната секција, оркестарот, најмладите членови на друштвото како и пејачите Перо Пандилоски и Славко Зафировски.
Од ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ велат дека се задоволни од велигденскиот концерт и споделија дека во натамошниот период ги очекуваат уште настапи и концерти.
„Во текот на овој месец имаме гостувања во Македонски Брод, каде учествуваме традиционално на манифестацијата Велигденски кули. Во мај ќе настапуваме во Трница, Маврово и во Тетово, а на почетокот на јуни гостуваме во Брвеница. Во август традиционално друштвото ќе земе учество на Меѓународниот фолклорен фестивал Балканот пее и танцува, во Бугарија“ , вели секретарот на друштвото Анте Тодороски.
ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ е едно од најстарите културно-уметнички друштва во Македонија, кое функционира скоро седум децении, со остварени над 700 концерти во земјава, гостувања во странство и учества на фестивали и манифестации.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!