Гостивар
Годишнина од смртта на бранителите Горан и Ненад
Девети мај, 2015-та година, Гостивар го памети како ден на голема загуба и жалост. Во крвавите кумановски настани во населбата „Диво насеље“, животот го загубија осум македонски бранители, меѓу кои Горан Илијевски Мече од Гостивар и Ненад Серафимоски од гостиварско Зубовце. Горан и Ненад учествуваа во полициската акција, првиот како припадник на единиците за брзо распоредување, а вториот како припадник на специјалната единица Тигри.
Илијевски имаше 41 година, а во МВР беше вработен од 2002 година. Неговите сограѓани го паметат по ведриот дух и како еден од главните иницијатори за возобновување на манифестацијата Водици во Гостивар. Серафимоски, познат како голем спортист и професионалец, загина на 28 годишна возраст.
Вооружената престрелка во Куманово започна рано утрината во 4:30 часот и траеше речиси непрекинато 28 часа. Животите ги загубија: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ. Загинатите бранители постхумно беа одликувани со „Медал за храброст“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ