Гостивар
Предупредување поради врнежите: Не ги оставајте возилата над шахти!
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните на Тетово и Гостивар, во случај на пообилни врнежи од дожд, да не ги паркираат нивните возила над шахти од атмосферската и друга канализација, за да може непречено да се провери функционалноста на канализациската мрежа и доколку има потреба, да се интервенира.
„Покрај ова, на граѓаните им се советува да не ги оставаат возилата под или во близина на поголеми дрвја, зашто при силен ветар можно е паѓање на дрвјата или делови од нив и причинување значителни штети на возилата, па дури и загрозување на човечки животи. Секторот за внатрешни работи Тетово во координација со други институции и служби од подрачјето и пошироко, веќе презема соодветни мерки и активности од неговиот делокруг на надлежности и подготвен е со максимален капацитет да одговори на сите обврски на овој план“, наведува полицијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените