Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари по најновата смена на директори: Му понудив на Заев и градоначалничкото место да им го даде на ДУИ

Објавено

на

Во речиси сите училишта во Гостивар, на раководните позиции вратени се старите директори. Решенијата се донесени од Министерството за образование, кое во февруари годинава, по втор пат му ги одзеде ингеренциите за разрешување и именување на директори во училиштата на градоначалникот Арбен Таравари.

Во врска со најновите смени, градоначалникот изјави:

„Во училиштата во Гостивар по шести пат се менуваат директорите. Во 18 месеци, просечно на секои три месеци има смена на директори. Ова се случува од министер на ДУИ, со знаење на премиерот. Сфаќам дека премиерот не е многу загрижен за образованието на учениците Албанци, кога се знае дека околу 1.000 ученици Албанци во Македонија, принудно учат на македонски, бидејќи немаат услови за учење на албански јазик. Учат од книги коишто се под сите стандарди. Министерството за образование го раководи министер, кој повеќето договори ги прави во четири очи.  Ние нема што да правиме. Јас му понудив на господинот Заев да ги земе ингеренциите во образованието и за четири години, комплетно да му ги даде на ДУИ. Дури му реков, ако треба и градоначалничкото место, нека дојде и ќе му го дадеме на ДУИ. Како и да е, жалам за учениците. За две недели завршува учебната година, можеа да почекаат, ова е стрес и за децата. Ги сменија за време на кампањата, па пак ги вратија, па сега повторно менуваат.“

Таравари смета дека за сега се немоќни да реагираат на ваквите ситуации, но се надева да се остварат најавените промени во Владата. „Се надевам дека ќе има и промени во Владата. Пораката беше јасно испратена и на 21 април и на 5 мај за владиното мнозинство. После рекоа метла, и метлата почна од Гостивар. Ако не направат промени, најдоцна за една година ќе имаме Пржинска Влада. Искрено господинот Заев, ги изгуби изборите, имаше пирова победа, победи Пендаровски, но изгуби СДСМ“, рече градоначалникот и генерален секретар на Алијанса за Албанците.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 5 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 9 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 11 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 13 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 14 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 15 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 16 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена