Гостивар
6.000 евра стипендија за матурант од Гостивар за студии на Европскиот Универзитет
Европскиот Универзитет од Скопје ја вклучи Општина Гостивар во програмата Караван на образованието, преку која се доделуваат стипендии за студирање на еден од факултетите на овој универзитет.
Претставници на образовната институција, денес беа во општината каде беше потпишан договор за соработка. Еден матурант од Гостивар ќе добие целосна стипендија за четиригодишни студии во висина од 6.000 евра.
„Стипендијата го покрива целосно студирањето во траење од 4 години и важи за сите факултети, освен за стоматологија. Ги охрабруваме матурантите од Гостивар да се пријават, да ја напишат својата приказна и причината зошто треба токму тие треба да бидат избрани.“, рече Сузана Турунџиева, ПР на Европски Универзитет
Изборот на ученикот ќе го врши тричлена комисија од локалната самоуправа.
„Гостивар е една од 9-те општини кои ја добија оваа можност. Ние веќе ги информиравме средните училишта, за да биде избран најдобриот ученик кој заслужува да ја добие оваа стипендија. Поставени се одредени критериуми, да биде скроз одличен, но важен е и социјалниот статус.“ изјави Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар.
На Европскиот Универзитет има факултети за економски и за правни науки, арт и дизајн, информатика, криминалистика и стоматологија.
Конкурсот за пријавување на нови студенти е до 15 јуни.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!