Бизнис
МОНТЕНЕГРО го одбележа својот 31. роденден
Најголемата приватна компанија од Гостивар, Монтенегро ДОО, го одбележа својот 31-ви роденден. Годинава компанијата прославува триесет и една година од нејзиното постоење во Македонија и 56 години од основањето на компанијата.
По тој повод вчеравечер беше организирана пригодна прослава за сите 260 вработени во Монтенегро. Компанија, каде вработените се од сите етнички и верски заедници, со што дава пример не само во државата туку и на целиот Балкан дека заедништвото, соживотот, меѓусебната почит може да придонесат за заеднички напредок и развој во бизнисот и во секоја сфера од животот.
Почетоците на Монтенегро датираат од далечната 1963 година кога Војне Пејчиноски ја основа во Никшиќ, Република Црна Гора. Државата каде што е основана компанијата, е причината за регистрирање на брендот Монтенегро во Македонија на 18 мај 1988.
Монтенегро денес располага со пет маркети и еден мега маркет во Гостивар, Хоум центар, Бјути центар, Монтенегро Мебел во Скопје, под капа на компанијата е и брендот Маестро од Република Србија. Од раководството на Монтенегро информираа дека веќе во процес е и најголемата инвестиција во поновата историја на Гостивар, од која најголем бенефит ќе имаат земјоделските работници не само до Гостивар, туку од целиот Полошки регион. Инвестиција каде во првата фаза планирани се повеќе од 300 вработувања.
На роденденската прославата која протече во пријатна и весела атмосфера, беа доделени благодарници и награди за најлојалните вработени во компанијата.
(комерцијална објава)
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!