Поврзи се со нас

Вести

Интервју Ѓорѓи Нешкоски, актер: “Секоја улога е нов свет што треба да се осознае”

Објавено

на

ggГостивар го познава како омилениот глумец. Самиот за себе вели дека е „заразен од мирисот на театарската прашина“ , а секоја нова улога ја гледа како голем предизвик.  За читателите на Гостиварпрес разговаравме со нашиот гостиварец Ѓорѓи Нешкоски, актер со диплома од Факултетот за драмски уметности во Скопје, вработен во Тетовскиот театар и главна фаца на Театар Дунек, театарска група која ја држи во живот театарската сцена во Гостивар. Зад себе има бројни улоги со кои успеал и да ја насмее и да ја расплаче публиката. Во ова интервју прочитајте што Ѓорѓи вели за магијата на актерството, за работата со деца, но и за глумењето во вистинскиот живот…

 

Да се присетиме на првиот пат кога стапнавте на театарската сцена пред публика, но и на најтешката улога што до сега ја имате одиграно.

Бев многу мал, 5 или 6 години, гледајќи претстава од публика посакав да се качам горе и да видам што се случува позади сцената, што прават глумците позади, дали се вистински оние кои ги гледам од гледалиштето. Прашања кои се нормални за едно дете на таа возраст. Кога дознаваш што има позади сцената, посакуваш да бидеш НА сцената, кога ќе се качиш на неа се заразуваш од мирисот на онаа театарска прашина, работиш на нови претстави, улоги, кои полесни, кои помалку лесни. Во секој случај, секоја улога е предизвик, еден нов свет кој треба да го осознаеш. Не се сеќавам на натешка улога, се сеќавам само на задоволството на крајот на секој процес.

555175_364917986896696_1699240637_n

Зад себе имате повеќегодишно искуство пред се` како актер, но и како режисер на претстави. Како е да се биде од едната, а како од другата страна?

Разликата е само во начинот, материјата е иста. Иако никогаш не сум се гледал како режисер, сепак сум актер. Начинот на материјата е да помине низ мене, а на режисерот е да ја постави таа материја да поминува преку другите или режисерот ја гледа големата слика-рекол еден наш голем режисер. Во мојот случај почнав да поставувам претстави во Гостивар со деца од различна возраст, со цел да ја одржиме во живот театарската култура и да има едно место кадешто младите ентузијасти ќе можат да си ја остварат желбата да учествуваат во театарски претстави.

11986427_926430554078767_7771148769241834585_nГостивар нема професионален театар, но под ваше водство функционира Драмското студио „Дунек“ кое не дозволува да се заборави значењето на театарската сцена. Изминатите години бевте фокусирани на претстави во кои глумеа деца и млади актери. Какво е искуството да се подучуваат најмалите на актерство?  

Да, Дунек последниве пет години направи повеќе претстави, поголемиот дел беа за деца, но се направија и три претстави за возрасни и една мултиетничка наменета и разбирлива за сите етникуми во Гостивар. Искуството со најмалите во тој процес е навистина забавно заради нивната чиста и невина верба во светот на фантазијата, онаа која е клучна за творење, но и една голема одговорност и макотрпен процес.

Што ви е најголем предизвик во работата?

Предизвик ми е секоја следна улога или некој проект во кој влегувам.

Колку луѓето во денешно време глумат во вистинскиот живот?

Глумат ДА, сериозна конкуренција гледам, но моја среќа што не е во театарот.

1379757_568435693211590_1937740370_nШто периодов работи Ѓорѓи, има ли на повидок некој нов проект?

Јас сум дел од ансамблот на Тетовскиот театар и на почетокот од следната година почнуваме со нова претстава. Во моментов со членовите на Дунек работиме на еден голем проект кој ќе стартува исто така од следната година во Гостивар. Еден далеку посериозен проект од минатите за кој сега не можам многу да зборувам и за кој ќе бидете благовремено известени како медиум. Поздрав и успешна работа Гостиварпрес.

                                                                                                                 Љупка Антеска

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 41 минута

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 2 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 5 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 5 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 6 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 8 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 9 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 21 час

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Македонијапред 23 часа

Денарот слави 32 роденден

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена