Вести
Семинар во Гостивар: Над 500 учителки се обучуваа за успешни часови по физичко
Повеќе спортување и физичка активност за добро здравје и правилен раст и развој на децата. Ова беше пораката испратена од денешниот семинар по физичка култура што се одржа во Гостивар. Семинарот беше наменет за одделенски наставници од училиштата во Гостивар, Тетово, Дебар, Кичево, Центар Жупа и Македонски Брод.
Настанот го организираше Бирото за развој на образованието во соработка со Факултетот за физичка култура од Скопје. Вежбите што наставниците треба да ги вметнат на часовите по физичко воспитување ги демонстрираа токму професори од Факултетот.
„ Децата во денешно време малку спортуваат и не се физички активни, затоа часовите по физичко се многу важни за нивното здравје и спречување на разни деформитети“, изјави Александар Туфекџиески, професор на Факултетот за физичка култура и еден од предавачите на семинарот во Гостивар.
Вакви настани се организираат во сите региони низ Македонија и со нив се планира да бидат опфатени околу 4.000 одделенски наставници.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!