Поврзи се со нас

Гостивар

Силни контроли, строги казни – Гостиварската полиција објавува „војна“ против пукачите на свадби

Објавено

на

Пукањето со огнено оружје на свадбени свечености и неовластено користење на огномети најстрого ќе се казнува, најавуваат од СВР Тетово нагласувајќи дека борбата против оваа појава, која во летниот период е секојдневие во полошко, ќе биде бескомпромисна.

„ Ќе се применува нула толеранција, секој што ќе користи огнено оружје ќе се соочи со санкции, без исклучок. Полицијата „врти нов лист“, затоа што очигледно е дека апелите, предупредувањата и укажувањата не го даваат посакуваниот ефект. Граѓаните продолжуваат со опасната традиција на славење со пукање и неовластено користење на пиротехника, што може да биде крајно опасно. Потенцираме дека контролите ќе бидат засилени и ќе ги опфатат и свадбарите и угостителите.“, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Сезоната на свадбени свечености во гостиварско ја одбележуваат секојдневни нарушувања на јавниот ред и мир, но и инциденти со повредени. Во селото Чајле на свадба која се одржувала во двор од куќа, беа ранети две жени. За осомничениот за пукањето беше определен притвор.

Две други лица завршија во Полициската станица Гостивар, заради пукање со оружје и незаконско користење на огномет.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена