Здравје и убавина
За „пивскиот стомак“ не е виновно пивото…
Создавање на таканаречен „пивски стомак“ е всушност последица од внесување на премногу калории и намалено трошење на истите, поради неактивен начин на живот. Чаша пиво содржи околу 150 калории, што не е многу, но ако на тоа се додадат храната и грицките што неизбежно одат со овој пијалок, тогаш станува јасно зошто пивото води кон зголемување на килограмите. Ви звучи ли познато: пиво со помфрит, кикирики, чипс, ќепабчиња, пица…Е, од тука доаѓа дебелеењето. А пивото само ја имало таа несреќа, големиот стомак да биде наречен според него.
Нутриционистите препорачуваат да се пие до околу 600 мил. пиво на ден и дека во тој случај не би имало ризик од „пивски стомак“.
Насобирањето на масти во абдоменот, не може да носи ништо добро за здравјето. Напротив, доведува до лачење на цитокин, кој предизвикува воспалување и хронични болести. Значи, се` е до навиките и не треба претерување. Не мора ни откажување, само терајте умерено.
Пијте си по чаша – две пиво, а за да си го одржувате здравјето и линијата во добра форма практикувајте здрави навики:
-пешачете
-конзумирајте доволно вода за да се исфрлат солите од ткивото и да се добие чувство на леснотија, а не надуеност.
-хранете се разновидно и избегнувајте шеќери и пржена храна
-најдете време за вежбање 2-3 пати во неделата
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ