Гостивар
ДУИ по прегрупирањето во Советот: Таравари сега нема простор за изговор и манипулација
По промената на силите во Советот на Општина Гостивар, која се случи на денешната седница, со соопштение се огласи гостиварскиот огранок на ДУИ.
„Денес заврши скоро двегодишниото жалење на Арбен Таравари за наводна опструкција од страна на мнозинството во општинскиот совет. Претседателот Насир Муслиу поднесе оставка, отворајќи пат за избор на нов претседател, кој беше изгласан со помош на ВМРО-ДПМНЕ и советникот Ром, кој беше во коалиција со оваа партија, на последните локални избори. Ова назначување, за жал не беше донесено со волја на мнозинството албански советници и изборот на албанските граѓани на последните локални избори. Отсега Таравари нема простор за жалење, изговори и манипулација со јавното мислење. ДУИ ќе продолжи да ја разоткрива и осудува политиката на локалната самоуправа во Гостивар и во иднина.“, се наведува во соопштението на интегративците.
На денешната седница, Насир Муслиу од ДУИ даде оставка, по што за нов претседател беше избран Бесим Мемеди, од Алијанса за Албанците. Неговиот избор го поддржа советникот од Демократски сили на Ромите, Кашмир Салиу, кој до сега во Советот делуваше во коалиција со ДУИ и СДСМ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!