Гостивар
Прес конференција на ОК ВМРО ДПМНЕ – Гостивар за вчерашниот инцидент
Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ преку прес конференција реагираше за инцидентот, регистриран вчера околу 15 часот на ул.„Илинденска“во Гостивар.
„Вчера Гостивар беше сведок на уште еден преседан, кој секојдневно го манифестираат моќниците од власта. Имено, пратеникот во Собранието на Р.Македонија од нашиот град, ја покажа својата бруталност врз наш граѓанин, само заради тоа што не го тргнал возилото. Сведоците со чудење раскажуваат, за едно неверојатно однесување на претставник од народот, чии гласови му ја довериле високата позиција на која се наоѓа. И уште повеќе, таа бруталност да ја покаже во присуство на малолетно лице, ќерка на жртвата, на која покрај физичка, му е причинета и материјална штета на автомобилот. Се прашуваме кој ни ј аводи државата? Кој не претставува во највисокиот дом и на кого му се дава имунитет? Зарем граѓаните треба да се плашат кога ќе видат пратеник или било кој претставник од власта, кои наместо да им помагаат и да им ги решаваат проблемите, да се повикуваат на сопствениот имунитет и да изигруваат локални шерифи? Апсолутната власт, апсолутно расипува. Истото се слушуваше со Курто Дудуш, со синот на Хари Локвенец и уште многу примери. Упатуваме апел до институциите кои се одговорни, да преземат соодветни мерки и што е можно поскоро да се разреши настанот, бидејќи револтот меѓу гостиварчани е голем.“, беше речено на прес конференцијата во партискиот штаб.
Настанот е евидентиран во полицискиот билтен, каде стои: „Вчера (24 септември ) во СВР Тетово, М.С. (33) од Гостивар пријавил дека околу 15 часот на ул„Илинденска“ во Гостивар, по претходна вербална расправија околу погрешно паркирање, физички бил нападнат од Б.Т.(54) од Гостивар. Според пријавеното, Б.Т. му го оштетил и предното ветробранско стакло на неговото патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се наоѓало неговото малолетно дете. Исто така, според пријавеното, во нападот се вклучило уште едно лице од угостителски објект во непосредна близина. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар и во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.“
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница