Гостивар
КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 2005 (94:87)
Кошаркарите на гостиварскот клуб не го даваат врвот на табелата. Вечерва во крајно возбудлив натпревар ја совладаа амбициозната екипа на Еуроникел 2005, од Кавадарци.
„Бело-сините“ на крилја на публиката во Младост одиграа маестрален натпревар, навреме корегирајќи ги сите недостатоци кои се пројавуваа низ играта. Гостиварци добро го отворија натпреварот, но гостите благодарејќи на долгата клупа, брзо се консолидираа и во вториот период успеаа да го променат резултатот во нивна полза. На полувреме имаа предност од (38:43).
Во вториот дел КК Гостивар на огромна радост на оние кои во живо го следеа натпреварот во Младост, ги покажа своите квалитети, добрата одбрана надополнета со брзи напади и рафална стрелба за три, ја стопија предноста на гостите, а и надежта дека ќе бидат првите сезонава кои ќе заминат со полн плен од Гостивар. Третата четвртина заврши (65:63), конечниот резултат 94:87.
Донован Доналдсон по којзнае кој пат потврди дека гостиварскиот клуб има одличен „скаутинг“ при изборот на појачувањата, американецот постигна 29 поени, 7 асистенции и 3 скокови. Најдобриот стрелец во лигата Ѓорѓе Џелетовиќ запиша 21 поен. Димчески погоди 6 тројки, 18 поени, Ро.Димитриевски постигна 1о, Ре.Димитриевски 7 поени, Тасоски 5, Вучковиќ 3 и Штерјов 1 поен.
Кај гостите Марзет и Николовски беа најрасполежени, американецот постигна 25, а ветеранот во редовите на Еуроникол 23 поени.
Со 6 победи, 1 пораз и 13 поени Кошаркарскиот клуб Гостивар останува лидер на табелата.
Во следното коло во Младост ќе гостува екипата на Куманово.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!