Гостивар
Загрижувачко аерозагадување во Гостивар, ноќеска ПМ10 честичките 7 пати над граница
Откако беше инсталиран нов мерен инструмент за ПМ10 честички на станицата во Гостивар, речиси и да нема ден без измерено надминување на дозволените граници на овие штетни супстанци во воздухот.
Од 18 декември, кога повторно проработе мерната станица до вчера (3 јануари) без загадување поминале само четири дена. Во останатите, среднодневната концентрација на ПМ10 во воздухот, била на повисоко ниво од 50 микромрами на метар кубен, колку што е лимитот. Од извештајот на Министерството за животна средина за мерењата, може да се забележи дека аерозагадувањето било најголемо на 18 и 31 декември, како и на 3 јануари.
Последните податоци за денес (4 јануари) се од 9 часот наутро. AQI – Air Quality Index, мерка која ја прикажува целокупната загаденост на Европската скала за AQI од 0 до 100, изнесува 76, додека нивото на ПМ10 е 103 мг/м3.
При вакви вредности се смета дека воздухот има над-нормално загадување. Се препорачува да се избегнуваат подолги периоди на отворена површина. На мали деца, стари лица и бремени жени им се препорачува да не излегуваат без посебна потреба.
Аерозагадувањето особено се зголемува во попладневните и вечрните часови. На пример ноќеска, околу полноќ нивото на ПМ10 честички било над 350 микрограми на метар кубен, што е околу 7 пати над дозволената граница.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ