Гостивар
Бадникова поворка по петти пат во Гостивар – дечињата создадоа празнична атмосфера низ улиците
Дечињата создадоа вистинска празнична атмосфера и расположение низ гостиварските улици на Бадниковата поворка. Најмалите гостиварци со песна го најавија Христовото раѓање и ги стоплија срцата на сите верници со возобновената православна традиција.
Децата како симболи на ангелите со ѕвезди во рацете, тргнаа од црквата „Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад, поминаа низ улиците „Илинденска“ и „Гоце Делчев“ и завршија во црквата „Св.Петка“, кај железничката станица. Носејќи ја Витлеемската пештера на чело на поворката, ја проширија радосната вест за раѓањето на спасителот меѓу верниците. Придружувани од свештенослужителите од гостиварското архиерејско намесништво, со радост и со гордост ја пееја коледарската песна Вечниот Бог.
Бадниковата поворка во Гостивар годинава се одржа по петти пат. Настанот го организира црквата „Пресвета Богородица“ со благослов на митрополитот Г.Јосиф и поддршка на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Прославувањето на Бадник во Гостивар продолжува со вечерна богослужба и осветување на бадниковите гранчиња.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок