Поврзи се со нас

Гостивар

Отворено во понеделник, од вторник не функционира лизгалиштето во Гостивар

Објавено

на

Лизгалиштето во Гостивар кое беше свечено пуштено во употреба на 6 јануари, функционираше само на денот на отворањето. Вчера и денес (вторник и среда) лизгалиштето не може да се користи. Голем број на дечиња со родителите доаѓаат, но нивните желби да застанат на лизгалки на мразот остануваат попусти.  Од одговорните лица за одржување кои ги затекнавме на лизгалиштето објаснија дека се работи за некаков дефект на системот, поради што не се создава мраз на површината. Ја известиле фирмата која го монтирала лизгалиштето, но до овој момен никој не реагирал да го поправи дефектот.

„Доаѓаме по два пати на ден, сакаат децата да се лизгаат, но за џабе. Вчера претпладне ни рекоа да дојдеме вечер дека ќе се среди работата, кога се вративме немаше никој. Денеска, пак дојдовме,  ни велат дека мразот се топи и повторно ништо од лизгањето“, се пожалија посетители кои ги сретнавме на лизгалиштето.

Веста за новото лизгалиште во Гостивар, ги израдува гостиварци, но за кратко. Додека не се среди дефектот, граѓаните ќе немаат привилегија да ги си ги пробаат лизгачките вештини.

Инаку, лизгалиштето е проект на Агенцијата за спорт и млади, со логистичка поддршка на Општина Гостивар.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена