Рецепти
Деликатесен ручек: Пилешко во проја
Пилешкото месо најчесто се подготвува со ориз, компир или некаков сос како додаток. Овој рецепт носи нова идеја како може од пилешкото месо да се направи деликатесен ручек.
состојки:
500 гр.пилешки стек
250 гр. шампињони
целер
еден кромид
1 лажица брашно
3 лажици масло
200 мл. млеко
сол и бибер
за пројата:
1 јајце
100 мл. јогурт
50 гр.брашно
60 гр.палента
3 лажици масло
прстофат прашок за пециво
сол
подготовка: Пилешкото се сецка на мали парчиња и се пропржува во загреана тава со масло. Кога ќе биде готово се вади од тавата, а во истото масло се пропржуваат сецканиот целер и кромид. Кога зеленчукот ќе омекне се додава брашното и се налева млекото. Постојано се меша, додека не згусне и на крај се става сол и бибер.
Потоа смесата се соединува со месото и се става во подмачкана тава.
Во длабок сад се мешаат добро сите состојки за пројата, па смесата се полева врз месото и зеленчукот претходно ставени во тавата.
Се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 35 минути.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ