Вести
Првиот снег не создаде проблеми во Гостивар
Првите снежни врнежи на подрачјето на Гостивар не предизвикаа поголеми проблеми. Застои и забрани во сообраќајот, за сега нема, но се апелира на поголема внимателност и прилагодување на брзината според условите на коловозите.
Метеоролозите најавија екстремно ниски температури и нови врнежи во текот на наредниот период. Надлежните за чистење на улиците и патиштата се координираат за интервеници на терен, кои сигурно ќе бидат потребни во следните денови.
„Од општините Гостивар, Маврово Ростуше и Врапчиште, како и од гостиварската секција на Македонија Пат добивме информација дека се подготвени со механизација, сол и ризла за одржување на проодноста на улиците и патиштата. По потреба и на нивно барање во чистењето на снегот ќе се вклучуваме и ние“, рече раководителот на Дирекцијата за заштита и спасување во Гостивар, Лирија Селмани.
Во буџетот на општина Гостивар за зимско одржување оваа сезона предвидени се 5 милиони денари. Улиците ќе ги чисти фирма која претходно беше избрана на тендер. За посипување на коловозите при појава на мраз, набавени се 200 тони сол и песок.
Инаку, локалната самоуправа е надлежна за чистење на улиците во населените места и локалните патиштата, додека за одржување на регионалните и магистрални патни правци одговорна е гостиварската секција на јавното претпријатие Македонија пат.
За проодни тротоари пак треба да се погрижат екипите на Јавното претпријатие Комуналец. Обврска на граѓаните и трговците е да го расчистуваат просторот пред домовите и дуќаните.
Додека се` уште трае денот и не фатил студот, искористете го времето за прошетка по белината покрај Кејот на Вардар 🙂
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!