Гостивар
Бранувањата за директорските фотелји во училиштата во Гостивар не стивнуваат
Сменетите директори на гостиварските училишта денес излегоа на прес конференција со реакција дека градоначалникот Арбен Таравари, незаконски ги отстранил од функциите. Тие потенцираа дека Просветниот инспекторат како и второстепената комисија за управни постапки ги уважиле нивните жалби, а градоначалникот одбива да ги почитува процедурите и законите.
„Ние сме осум директори на училишта кои добивме позитивен одговор од горенаведените институции. Одлуката на комисијата и решението на Државниот просветен инспекторат, откриваат законски повреди и го обврзуваат градоначалникот да ги разгледа своите решенија и да ги врати директорите кои биле избрани врз основа на процедури.“, нагласи Џези Камбери, поранешен директор на гимназијата.
Игор Радески кој раководеше со ОУ „Гоце Делчев“ во својата изјава рече: „Јас конкретно по втор пат сум разрешен, иако по моите жалби позитивно одлучуваа и Државниот просветен инспекторат и второстепената комисија. Градоначалникот од само за него познати причини ме разрешува. Апелирам да ги почитува одлуките на инспекторатот и на комисијата“.
За Таравари, ова е нов обид на централната власт повторно да му ги одземе ингеренциите во образованието.
„Ова е политичка игра. Задутре треба да се распушти Парламентот, и последните моменти кога може да се одземат ингеренциите по трет пат се денес, утре или задутре. ДУИ знаат дека имаат лоши резултати на анкетите кај граѓаните и се обидуваат на секаков начин да и` наштетат на Општина Гостивар. Министерот „кукла“ во Владата, добива наредба од врхушката на партијата дека мора да ни ги одземе ингеренциите и тоа го спроведуваат. Судија во Вишиот Управен суд каде е донесена одлуката со која предметите се враќаат во првостепениот суд е Суби Јакупи, бивш член на ДИК од ДУИ.“, изјави градоначалникот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!