Гостивар
Таравари: „Лани на 13 февруари Гостивар ја доживеа најголемата трагедија, да не се повтори“
„Минатата година на овој датум се случи најголемата трагедија за Гостивар. Загинаа 16 граѓани од Гостивар и гостиварско, а многу беа повредени. Од повредените, за среќа денеска сите се добри. Мене ме радува што и во Меморијалниот марш имаме жена учесник, која била патник во автобусот. Пред околу две недели група на граѓани дојдоа кај мене и ми ја кажаа иницијативата за овој марш. Ние како општина го поддржавме, затоа што со целото срце и душа сметаме дека тоа е достоен начин да им оддадеме почит и да упатиме порака – Да не се повтори нешто вакво ниту во Гостивар, ни во било кое друго место“, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари на Меморијалниот марш за несреќата кај Ласкарци.
Маршот започна рано утрово, од местото на несреќата и се одвива до Гостивар. Групата од 70-тина учесници од различни националности и сите возрасти пешачи околу 55 километри.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот