Гостивар
Мавровски Меморијал 57 пат по ред на падините на Бистра (24-26 февруари)
На патеката Мирна долина, на падините на Бистра, годинава од 24 до 26 февруари ќе се одржи 57-то издание на традиционалниот Мавровски меморијал. Спортска манифестација која се одржува во спомен на 38-те градители на електро системот Мавровка и 14-те граничари, кои ги загубија животите во снежната лавина во 1956 година.
Годинава пријавени се преку 80 учесници од 12 држави во двете категории мажи и жени. Ќе се натпреваруваат натпреварувачи од Швајцарија, Русија, Луксембург, Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Турција, Грција, Хрватска и Македонија.
Натпреварите се закажани за вторник и среда кога ќе се одржат трките на 5 и 10 километри во слободен стил, а на 24 феруари ќе биде свеченото отварање во Маврово.
Мавровскиот Меморијал е најстар нордиски куп на Балканот и помеѓу настарите ски купови во Европа. Меморијалот е дел од континенталниот куп во нордиско трчање и на истиот натпреварувачите се борат за освојување на FIS бодови.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!