Поврзи се со нас

Вести

Сите кои патувале во комбето со заразената жена вечерва во домашна изолација

Објавено

на

„Идентификувани се сите патници коишто патувале со жената. Станува збор за комбе во кое биле 9 луѓе, 8 патници и возач. Идентификувани се на две места во Скопје, заедно со роднините на пациентката и на три места во Струмица. Веќе се упатени екипи за да се направи соодветната анкета за дознавање на податоци со кои се` лица овие патници комуницирале во текот на денот.  Вечерва сите ќе останат во домашна изолација, со полициски надзор, според протоколите. Врз основа на податоците, утре ќе се одреди дали ќе се продолжи со домашна изолација или ќе бидат префрлени во претходно одредените инфективни одделенија за надзор.“, изјави на вечерашната прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче.

Првиот потврен случај на коронавирус во Македонија е жена на 50 годишна возраст, којашто околу еден месец престојувала во Италија. Болеста и била потврдена, откако се вратила во земјава.

На претходната прес конференција во Владата, епидемиологот Жарко Караџовски информираше дека стручна екипа од Институтот за јавно здравје со полна заштитна опрема направиле епидемиолошка анализа на пациентката, таа е пренесена во Клиниката во изолирано одделение од посебен влез и дека се преземаат сите потребни мерки.

„Ние ја владееме ситуацијата. Постојано сум во контакт со мојот тим, достапен сум на телефон и ова заболено лице не е опасност за останатите граѓани. Работиме по усогласени алгоритми и се подготвуваме веќе подолго време. Со овој случај ништо не е сменето. Ги контролираме граничните премини, даваме упатства и ако некое лице било во контакт со лице кое е можно да било заболено, веднаш ќе го изолираме“, рече Караџовски, кој повтори дека на аеродромот Скопје има медицински екипи, а болниците во Штип, Велес и Гостивар се подготвени.

Надлежните нагласија дека нема место за паника, и ги повикаа граѓаните да се придржуваат на препораките во однос на заштитата од коронавирусот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 2 часа

Ден на македонскиот јазик-5 Мај

Вестипред 12 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 13 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 21 час

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 1 ден

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена