Поврзи се со нас

Вести

Студен бран: Еден бездомник згрижен на топло, двајца други одбиле помош

Објавено

на

Екстремно ниските температури кои во гостиварскиот регион владеат со денови,  создаваат тешкотии и проблеми во секојдневието на сите граѓани. Сепак, на најголема мака се оние коишто немаат покрив над главата. Неколку бездомници повеќе години живеат во задниот дел на објектот на автобуската станица во Гостивар, во напуштените руинирани простории и покрај скалите на отворено.

Во заедничка акција на Центарот за социјална работа, Црвениот крст и Здравствениот дом еден бездомник е веќе згрижен во гостиварскиот интернат, каде привремено се адаптирани соби за таа намена. Службите направиле обид да сместат уште двајца, повозрасни татко и син, но тие одбиле помош и останале во мизерни услови без греење и струја. Во нашиот разговор со нив денес ни рекоа дека им е тешко на студенилото, но  поголем дел од времето се топлат под ќебиња. „Одбивме да одиме во интернатот, тоа не е трајно решение, туку само за неколку дена“, велат бездомниците.

Инаку, освен активности за згрижување на бездомните лица, социјалните служби со Црвениот крст спроведоа и акција во која храна и средства за лична хигиена им беа доставени на социјално загрозени и други ранливи групи граѓани.

И покрај екстремно ниските температури кои во Гостивар паднаа до -20, за жал низ градските улици се` уште има и голем број питачи, меѓу кои и мали деца со оскудна облека и летни обувки на себе.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 8 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 12 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 14 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 16 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 17 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 18 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 19 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена