Гостивар
Истече домашната изолација за 11-те лица во Гостивар – немаат симптоми, не се ризик
Никој од единаесетте лица од Гостивар кои беа ставени во домашна изолација по доаѓање од Италија, не развил симптоми на коронавирус и од денес се ослободени од мерката.
„Лицата го поминаа периодот на инкубација од 14 дена, без да покажат симптоми и според тоа не претставуваат ризик ни за домашните, ни за другите околу нив и домашната изолација се укинува. Со оглед дека немаат симптоми, нема да бидат тестирани“, информираат лекарите.
Во текот на вчерашниот ден на гостиварското подрачје имало еден сомнителен пациент за корона, но тестирањето покажало дека е негативен на вирусот.
Во меѓувреме и здравствените установи и институциите постојано повикуваат граѓаните да ги почитуваат препораките и советите за превенција.
Од вчера Владата воведе поригорозни мерки во насока на спречување на ширење на коронавирус.
Забранети се сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. Кафетериите и рестораните треба да работат со скратено работно време до 18 часот и со преполовен капацитет. Здравствените установи да ги откажат сите интервенции и прегледи, освен итните и неодложни.
Училиштата и градинките остануваат затворени до 24 март, а политичките партии ќе ја прилагодат кампањата согласно препораките за заштита од корона, без митинзи и масовни собири.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ