Занимливости
#Седидома: Три предлог филмови за викенд – Три серијали кои вреди да се погледнат
Некои филмски изданија се вечни, а такви остануваат поради различни причини. За овој викенд, наместо три филмови ви предлагаме три филмски серијали кои со сигурност ќе го одвлечат вашето внимание и ќе ви „украдат“ некој час, додека почитувајќи ги препораките седите дома.
ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИК
Ова е модерна и возбудлива приказна за агентите на славната БИА во Белград, кои секојдневно ги отстрануваат најопасните закани за Србија и безмилосно тргуваат со информации дури и со традиционалните непријателски разузнавачки служби зад очите на јавноста, каде може да се направат разлики помеѓу искусните и новите генерации на разузнавачки агенти, како и данокот кој го плаќаат вработените во овие служби.
LA CASA DE PAPEL
„Куќа од хартија“ е најгледаната серија од не-англиско подрачје и една од најгледаните серии воопшто на Netflix. Мозокот на операцијата во оваа шпанска серија е мистериозен и интелигентен човек познат по прекарот „Професор“ кој собира група од осум талентирани криминалци со дебели досиеа за заедно да го направат најидеалниот грабеж во историјата. Целта на грабежот е националната печатница за евра на Шпанија, во која за заложници ги земаат вработените во печатницита, целта е преговарајќи со полицијата да се задржат 10 дена во објектот, период за кој впрочем со заложниците печатат нови евра како не би го оштетиле шпанскиот народ, планот е бегство со 2,4 милијарди евра.
БЕСА
Урош Периќ во серијата е семеен човек од Белград, со две деца. На службено патување во Црна Гора му се случува сообраќајна несреќа во која животот ќе го загуби Бесијана, ќерка на наголемиот шеф на албанската мафија во регионот, Дардан Бериша. За да избегне одмазда и да го спаси животот на неговото семејство, Урош се согласува да стане професионален убиец кој ќе ги елиминира непријателите на Дардан. Додека полицаецот Петрит Кочи, скоро цела своја кариера ја посветува на апсењето на Дардан, крвната освета е присутна насекаде, за која единствен спас гледаат во беса-та.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!