Вести
СП 2017: Вечерва Македонија игра против најакиот во групата Шпанија (20:45 часот)
Вечерва во рамките од четвртото коло на Светското првенство во Франција со почеток од 20.45 часот, македонската ракометна репрезентација го игра можеби најтешкиот дуел против поранешниот светски шампион, Шпанија.
Овој дуел можеби нема никакво значење за избраниците на Лино Червар бидејќи сите мисли на целокупната македонска јавност се насочени на дуелот со Исланд кој се игра в четврток. Сепак македонските борци во пресрет на овој дуел најавуваат дека против Шпанија нема да излезат со бело знаме, ќе играат концетрирано во текот на сите 60 минути и доколку им се укаже шанса да поволен резултат ќе ја зграбат со двете раце.
Червар се мислеше дали да направи измена на голманската позиција со оглед на слабиот учинок на Колев и Трајковски по првите три кола. Шанса чекаше Никола Митревски, но останува на трибини со надеж дека ќе ја добие до крајот на првенството. Веројатно Червар ќе им даде уште една шанса на голманите, а доколку не ја искористат ќе го повика Митревски за дуелот со Исланд кој е клучен за третото место.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок