Занимливости
Самите се инфицираат со COVID-19 – Шокантни снимки од затвор во САД
Група затвореници во еден американски град во сојузната држава Калифорнија намерно се инфицирале едни со други со вирусот COVID-19, со цел да го искористат правото на порано ослободување од затвор.
Во втората половина на април, во затворот е забележано ненадејно зголемување на бројот на заразени со COVID-19.
Шерифот на округот во Лос Анџелес Алекс Вилануева, објави дека 21 затвореник намерно се заразиле со вирусот корона пиејќи вода од истото шише и дишејќи во истата заштитна маска, пишува „Daily Mail“.
На снимките од камерите за надзор од 26 април, се гледа како затворениците во просторијата за дневен престој во затворот меѓусебно разменуваат и пијат од едно шише со топла вода.
„Тие се обидуваа да ја подигнат телесната температура пиејќи топла вода за да изгледаат како имаат еден од симптомите на COVID-19“ , вели Вилануева.
На снимката се гледаат и повеќе затвореници кои пијат од истата чаша и поголем број затвореници престојуваат на мал простор, спротивно на правилата за физичко дистанцирање.
Вилануева вели дека затворениците се надевале дека судијата ќе ги пушти на домашен притвор по дијагностицирањето на COVID-19.
„Затворениците беа убедени дека позитивните тестови ќе гарантираат нивно предвремено ослободување од нашата институција, но тоа нема да се случи“, рече шерифот.
Во затворскиот оддел, во кој има 21 затвореник заразени со вирусот корона, има вкупно 50 затвореници. Бројот на затвореници во затворите во Лос Анџелес се намали од 17.000 во февруари на нешто над 11.700.
„Ако се случеше оваа пандемија кога имаше 17.000 затвореници, резултатите ќе беа катастрофални“, додаде Вилануева.
Во затворите во округот Лос Анџелес досега се регистрирани 357 позитивни случаи на инфекција со коронавирус, што е 234 случаи повеќе во однос на 4 мај, кога имало 123.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!