Гостивар
Градинките и училиштата во Гостивар повторно ќе се дезинфицираат
Гостиварската локална самоуправа најави дека следната недела повторно ќе спроведе дезинфекција во основните и средни училишта, како и во детските градинки. Оваа превентивна мерка се презема како превенција од ширење на коронавирус, иако Министерството за образование одлучи оваа учебна година да се заврши со онлајн настава, а и не се знае точно кога градинките ќе се отворат за прием на деца.
Градоначалникот Арбен Таравари смета дека учениците сепак треба да се вратат во училиштата и учебната година да се заокружи регуларно.
„Посакувам и се надевам дека учениците ќе се вратат во училишните клупи, барем уште еден месец, да ги компензираат тие недостатоци што ги изгубија изминатите три месеци. Реално голем број на ученици не може и се уште не можат да ја следат наставата онлјан, а Министерството е без стратегија и конкретно чекори во тој поглед. Добро е да се отворат училиштата сега, децата да одат на часови и на тој начин барем да се адаптираат на кој начин ќе се одвива наставата од септември“, изјави градоначалникот.
Во образовните установи и градинките на гостиварска територија претходно еднаш веќе се спроведе темелно чистење и дезинфекција на просториите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!