Поврзи се со нас

Македонија

Нови средства за инвестиции во развој на домашното рибарство и аквакултурата

Објавено

на

Од денеска па се до 15 јуни, сите кои имаат рибници и во нив одгледуваат риби или порибителен материјал ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка од Програмата за рибарство и аквакултура.

Станува збор за можност за добивање на средства од подмерката „финансиска поддршка за порибителен материјал“. За оваа мерка може да конкурираат сите кои од 1 февруари до 31 мај годинава, набавиле порибителен материјал за насадавување на рибниците.

Корисници на мерката финансиска поддршка за порибителен материјал, се сите субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2019 – декември 2020 година од видот риба за која поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал за сопствено насадување на рибникот. За добивање на средства за набавен подмладок, корисници може да бидат сите субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби и имаат купено подмладок од субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2019 – декември 2020 година.

Можност за добивање на финансиска поддршка им се дава и на сите кои имаат риболовни води под концесија и во периодот од 1-ви ноември  2019 до 20 –ти март годинава, направиле трошоци за дополнителна физичка заштита на рибите во време на природен  мрест утврден во риболовната основа и имаат донесеното решение за забрана на риболов по одделни риболовни води.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека

„До 30.000 денари максимална поддршка по корисник ќе добијат оние апликанти кои имаат направено  заштита на риболовните ревири и рекреативни зони. Сите кои направиле заштита на риболобвните зони пак ќе може добијат максимална поддршка до 150.000 денари по корисник. Додека сите кои имаат направено заштита на риболовните подрачја можат да добијат максимална поддршка до 400.000 денари по корисник. Бабовски, појаснува дека со овие средства апликантите ќе можат да ги подмират трошоците  за исплатена бруто плата на рибочуварите, да ги платат трошоците за гориво за пловните објекти  или возилата кои се дадени на користење на  концесионерот. „- појаснува Бабовски.

Финансиската поддршка на овој повик се доделува по принцип прв дојден прв услужен. Барањата за добивање на финансиската поддршка по двете мерки се доставуваат во оригален примерок.

Повеќе за повикот може да најдете ТУКА.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена