Гостивар
Во Општина Гостивар 2 новозаболени, во земјава 67 нови случаи на коронавирус
Потврдени се два нови случаи на коронавирус на подрачјето на Општина Гостивар, додека во Македонија има 67 новозаболени.
Министерот за здравство, Венко Филипче на прес конференција информира дека во изминатото деноноќие биле извршени 868 тестирања, 67 се позитивни, има 25 оздравени пациенти и еден починат. Министерот рече дека се уште се чекаат податоци од тестирања во приватна клиника, по што ќе има детален преглед за новозаболените.
Според информациите од гостиварските медицински служби, новите позитивни случаи во Општина Гостивар се брачен пар, имаат полесни симптоми и се третираат на инфективното одделение во гостиварската болница. Со оглед дека се вработени во јавни установи во Гостивар и Тетово, таму се вршат епидемиолошки анализи и согласно протоколите во самоизолација се испраќаат лица со кои имале контакти што спаѓаат под ризични.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот