Поврзи се со нас

Гостивар

Екологистите загрижени за палењето на Русино, ветување од општината за поголемо обезбедување на депонијата

Објавено

на

Екологистите од Гостивар реагираат на зачестените пожари на депонијата Русино, што се случува во последниот период. Изразуваат загриженост дека чадот што се чувствува во градот и околните населени места, може да предизвика сериозни последици за здравјето на граѓаните.

Gostivarpress.mk веќе објави дека во кругот на депонијата честопати гори најразличен отпад, а постои сомнеж дека се работи за намерно палење.

„Русино не е депонија. Русино е само планина на која се депонира секаков вид отпад и состојбата е алармантна за здравјето на гостиварчани и за загадувањето на почвата, водата и воздухот во околината. Состојбата е алармантна со секојдневното палење, не можеме прозор да отвориме, да излеземе надвор. Ако се продолжи вака, Русино ќе биде Ковид еколошка бомба. “, вели Валентина Штерјоска од ГвЕко.

Од Здружението Гв Еко за проблемот ја алармирале и Општина Гостивар. Од градоначалникот Арбен Таравари добиле ветување дека ќе биде подигнато нивото на обезбедување на депонијата.

„Градоначалникот вети дека и покрај тоа што општината тоа многу ќе ја чини ќе постават камери, рефлектори и обезбедување како превенција од палењето. Градоначалникот ни кажа дека пред некое време е формирано заедничко претпријатие за менаџирање со отпад за полошкиот регион за девет општини во соработка со агенцијата за развој од Швајцарија меѓутоа се уште тој проект е само на хартија. На прашањето дали Тетово го депонира во Русино отпадот градоначалникот ни одговори дека таков договор не постои и дека во Русино се депонира отпад од Гостивар.“, рече Штерјоска.

Постепеното стандардизирање на Русино, која е регионална за сите полошки општини, треба да отпочне откако ќе профункционира јавното претпријатие формирано за менаџирање со депонијата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена