Поврзи се со нас

Спорт

После 30 години пост – Ливерпул е новиот шампион во Премиер лигата!

Објавено

на

Многумина не беа родени, многумина не се ни сеќаваат, а многумина остареа од 1990-та година кога Ливерпул последен пат ја освои шампионската титула во англиската елита.

Дури 30 години траеше чекањето тимот од “Енфилд Роуд“ да се искачи на врвот во најквалитетната англиска лига. Не им успеваше на еден куп надежни таленти, фудбалски ѕвезди, врвни стратези кои го облекоа црвениот дрес. Не му успеа на еден Мајкл Овен, Роби Фаулер, Џејми Карагер. За малку им избега титулата на Луиз Суарез, Кутињо и легендарниот капитен Стивен Џерард предводени од Брендон Роџерс во 2014-та година. Не им успеа ниту мината сезона со освоени 97 бода, а сепак за 1 бод, недоволни за титула. И згора на сѐ, чекајќи го пехарот во Ливерпул, тоа им успеа на екипи како Блекбурн и Лестер.

Но и тоа се случи. Вчеравечер после поразот на Манчестер Сити во Лондон од Челзи со 2 : 1, сосема заслужено, на 7 кола пред крајот на сезоната, по 19-ти пат, Ливерпул, повторно, е шампион на Англија.

Според многумина, најзаслужен за освоената титула во премиер лигата е харизматичниот и темпераментен менаџер на Ливерпул Јирген Клоп, кој одлично ја одработи својата работа стварајќи шампионска екипа и безпрекорна атмосфера во истата освојувајќи ги Лигата на шампиони и светското клубско првенство минатата сезона, а стана и првиот Германец менаџер кој ја освоил англиската Премиер Лига.

“Немам зборови. Неверојатно е, многу повеќе одколку што мислев дека е можно. Да се стане шампион во ваков клуб е апсолутно неверојатно. Чувствувам олеснување, бидејќи после тримесечната пауза никој не знаеше како ќе продолжи сезоната. Ова е за сите наши навивачи, ова е за Кени (Далглиш) кој не поддржуваше. И тој чекаше 30 години, а ова е и за Стиви (Џерард) исто така.“ – рече Клоп.

Ливерпул, предводен од Мо Салах, фуриозно, со неверојатна форма ја завршуваат, можеби, најчудната сезоната до сега. По 31-но одиграно коло, Ливерпул има 28 победи, 2 ремиа и само 1 пораз, со импресивна гол-разлика од 70 постигнти и сами 21 примен гол.

И покрај мерките и препораките кои се на сила во Британија поради коранавирусот, голем број на навивачи ги окупираа улиците да ја прослават титулата која после 30 години повторно е во Ливерпул.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 минути

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Вестипред 3 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 12 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 19 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 21 час

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 ден

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена