Поврзи се со нас

Македонија

Објавен Конкурсот на УКИМ за упис на студенти во 2020/2021, слободни 10.798 места

Објавено

на

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во академската 2020/2021 година и според објавениот Конкурс, слободни се вкупно 10.798 места.

Од нив, 5300 се за идни студенти во редовната квота т.е. кои се финансираат од буџетот на државата, 4438 се слободни за кофинансирање на студиите и 1060 слободни места има за вонредни студенти.

Надоместот за студии за редовни студенти останува ист како и во изминатите години, односно 200 евра во денарска противвредност, а за студентите со кофинансирање и за вонредни студенти е 400 евра.

Во Конкурсот се наведени условите и критериумите за упис, информации за потребните документи, како и за запишувањето и начинот на бодирање на матурантите за кои годинава немаше полагање државна матура.

Првиот рок за пријавување кандидати за прва година во 2020/2021 на УКИМ ќе биде на 31 август и 1 септември, вториот на 15 и 16 септември и третиот рок е на 28 септември.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена