Поврзи се со нас

Гостивар

Општина Гостивар лани за јавни набавки издвоила 2,5 милиони евра – Овие фирми ги добиле тендерите

Објавено

на

Општина Гостивар минатата година издвоила околу 154 милиони денари или 2,5 милиони евра за јавни набавки, што е скоро 15% од вкупниот општински буџет за 2019-та година. Спроведени биле  вкупно 52 јавни набавки, а на нив се потрошени 1.830 денари по жител.

Анализата ја направи и објави Центарот за граѓански комуникации, во Годишната база на податоци за јавните набавки на општините за 2019-та година. Базата се изработува според податоците преземени од Електронскиот систем за јавни набавки.

Општинските тендери во Гостивар ги добиле вкупно 36 фирми, а во распределбата првите пет се: Пуцко Петрол, која добила 17,6 % од огласите во вкупна вредност од 27 милиони денари, Ленди груп со 10,7 % и вкупна вредност од 16,3 милиони денари, на трето место Лабино трејд со 9,2% и сума од 14,1 милион денари, четврти се Розен центер с.Стримница, Желино со 7,7%, сума од 11,8 милиони денари и Лотос-вив Компани Дооел Гостивар со 7%, вкупна вредност од 10,7 милиони денари.

Најголем дел од јавните набавки, 51,5% биле за изведување работи, 28,3% набавка на стоки, а 20,2% за услуги.

Споредено со претходната година, за Гостивар во 2019-та се бележи намалување на сумите за јавни набавки, а зголемување на бројот на тендери. Локалната власт во 2018-та издвоила околу 183 милиони денари за јавни набавки, односно 17,3% од вкупниот буџет, спровела 39 јавни набавки, а трошокот по жител бил 2.183 денари.

Во Годишната база на податоци стои дека 80-те општини во Македонија и Градот Скопје во 2019 година склучиле договори за јавни набавки во вкупна вредност од околу 8 милијарди денари, односно 130 милиони евра. Половина од парите ги потрошиле Градот Скопје и 13 општини: Тетово, Битола, Кавадарци, Прилеп, Липково, Куманово, Штип, Струмица, Аеродром, Кичево, Илинден, Велес и Гостивар.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена