Поврзи се со нас

Занимливости

Aстрономскиот часовник во Прага – средновековно технолошко чудо

Објавено

на

Секој ден, стотици туристи од целиот свет доаѓаат пред Старото градско собрание во Прага за да уживаат во фасцинантната механичка “претстава“ која во средниот век се сметала за едно од светските чуда. Прашкиот астрономски часовник (Pražský orloj), кој повеќе од 600 години е едно од најголемите богатства на градот, сеуште ги воодушевува луѓето и сеуште работи.

Старото градско собрание е изградено 1338 година како една од највпечатливите згради во Прага, а најстариот дел “Орлоја“, механичкиот часовник и астрономскиот бројчаник, датираат од 1410 година, кога ги изработиле часовничарот Микулашу од Кадан и Јан Синдел, професор по математика и астрономија на Универзитетот Чарлс. Подоцна, веројатно околу 1490-та година, на часовникот е додаден и календар, а фасадата е украсена со готички скулптури. Во 17-ти век се додадени и подвижни кипови, а ликовите на 12-те апостоли после големата поправка 1866 година.

Секој час Pražský orloj го одбележува со својата претстава, кога двете врати ќе се отворат и од нив излегуваат статуите на 12-те апостоли. На страничните делови од часовникот може да се забележат скелет кој ѕвони на ѕвоно и турчин кој одмавнува со главата, скржавец со торба полна со пари и суета која се гледа во огледало. Целата претстава завршува со златен петел и со ѕвонење на големото ѕвоно на врвот од кулата.

Овој часовник е трет најстар астрономски часовник во светот, а најстар кој сеуште работи.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена