Гостивар
Шести ден блоката на Русино, воздухот во Гостивар е чист – Земи длабок здив!
Тече шестиот ден од блокадата на Русино, организирана од „Граѓанската иницијатива Стоп Русино, чист воздух за Гостивар“. Граѓаните ја спроведуваат во смени и дежураат по 24 часа на рампата, којашто води до таканаречената депонија. Од вторникот навечер, се пропуштаат само камиони со отпад од Гостивар. За сметот од други општини, блокадата се уште важи.
Во меѓувреме, на Русино работи механизација за затрупување на сметот и санирање. Како што кажуваат и објавуваат на социјалните мрежи граѓаните што учествуваат во блокадата, и покрај тоа, се случува повремено ѓубрето повторно да гори. Бараат надлежните соодветно да реагираат и да си ги исполнуваат обврските за уредување на Русино.
Во Гостивар неколку денови во воздухот не се чувствува чад и нема непријатна миризба. Мерните станици за аерозагадување покажуваат зелени параметри.
„Земи длабок здив Гостивар, нека биде секогаш зелен, таков го сакаме и за таков Гостивар ќе се бориме. Ви благодариме на сите за поддршката! Особено благодариме на компаниите и луѓето што овие денови ни помагаа со храна, пијалоци и други потребштини. Знаеме колку напорно работите за да ги одржите вашите компании, знаеме колку е тешко да се сврзе месец со месец во овие тешки времиња, и затоа уште толку сме ви благодарни за несебичната помош. Сите вие сте ни најголема мотивација да продолжиме напред кон заедничката цел! Гостивар мора да дише!“, напишаа вчеравечер граѓанските активисти од Стоп Русино на фејсбук групата преку која ги организираат своите активности.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените