Гостивар
Приведено лице поради агресија кон вработени во болницата во Гостивар
Дваесет и двегодишен жител на гостиварско село, вчеравечер бил лишен од слобода поради агресивно однесување во болницата во Гостивар. На настанот му претходела несреќа, во која бил повреден таткото на пријавениот.
Како што соопшти полицијата, вчеравечер (17 август) околу 23 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 22-годишниот С.Д. од гостиварско село, кој се однесувал агресивно и се обидел физички да се пресмета со вработени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. Непосредно пред тоа, во болницата бил донесен неговиот татко С.Д. (46) за укажување на лекарска помош, откако бил повреден во сообраќајна незгода, кој според пријавеното, во меѓувреме физички нападнал вработена во болницата.
Според информации од полицијата, несреќата се случила околу 21 часот и 40 минути, на крстосницата на улиците „Гоце Делчев“ и „Илинденска“ во Гостивар и во неа учествувале патничко моторно возило „фиат добло“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот гостиварец А.Х. и мотоцикл „санрејсер“, без регистарски ознаки, управуван од 46-годишниот С.Д. од гостиварско село.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ