Гостивар
Советот на Гостивар ќе одлучува за измени во планот за вработувања во општината
По неколку месеци онлајн заседавање, Советот на Општина Гостивар повторно ќе се собере во општинската сала. Закажана е нова седница, во четврток (27 август), која ќе биде со физичко присуство.
На дневен ред се дваесетина точки од областа на финансии, буџет, урбанизам, образование и друго. Пред советниците ќе се најде и предлог за изменување и дополнување на Планот за вработување во Општина Гостивар за 2020-та година. Во документот се предвидуваат 58 нови вработувања, наместо првичните 45. Од 58, три се однесуваат на унапредување на успешни административци, а едното е пополнување на работно место поради пензионирање. 16 места се за во Противпожарната единица. Останатите се во различни општински сектори.
Актуелно во општината се вработени 132 лица од кои 102 се Албанци, 22 Македонци, 6 Турци и 2 Роми.
На дневен ред на седницата во четврток ќе биде и одлука за формирање на градинка во состав на Јавна Општинска Установа Детска Градинка “Детска Радост”, што се наоѓа во дел на објектот на ОУ “Мустафа Кемал Ататурк” во Долна Бањица.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!